Соопштенија

Објава за online полагање на испитите на трет рок по Математика

Информација за Online  полагање на испитите

Прв циклус: Математика 1, Математика, Oснови на веројатност и статистика.

Втор циклус: Математика 2, Одбрани поглавја од математиката.

 

Дополнителниот (трет) испитен рок по горенаведените предмети ќе се одржи на 18.9.2020 (петок) со почеток во 09.00 часот. Полагањето ќе се изврши со апликацијата Zoom. Секој од студентите треба да има профил на Zoom со полно име и презиме. Студентите кои ќе полагаат некој од испитите, треба да бидат уклучени од два уреди од истиот профил на Zoom (пожелно е лаптоп или компјутер со камера и мобилен телефон со камера, но може и два мобилни телефони со камера). На двата уреди студентот претходно треба да ја има инсталирано апликацијата Zoom, двата уреда треба да имаат полна батерија од практични причини и инсталирано програма на која може да се читаат документи со формат *.pdf . Камерата од првиот приклучен уред треба да го покажува студентот, додека камерата на вториот уред треба да снима оддалеку и да го покажува целиот студент, дел од мониторот на првиот уред и околината околу него. Додека трае испитот, забрането е студентот да го напушта работното место. Пожелно е секој од студентите да го проба претходно позиционирањето на камерите, како би се намалило времето околу подготовката на испитот. Ако некој од студентите нема два уреди кои ќе може да ги приклучи на Zoom, може да позајми или да се обрати на маил кај предметниот професор. За време на испитот или на крајот од испитот професорите или асистентот може да постават прашања на одреден студент поврзани со тоа што студентот го има напишано на листовите кои ги предал за прегледување. За времетраењето на испитот студентот е должен да се однесува етички.

Пред почетокот на испитот, студентот ќе биде замолен да покаже индекс и уште еден документ за лична идентификација (лична карта или пасош), како би се утврдил идентитетот на студентот кој го полага испитот. Бидејќи постои опција на Zoom за снимање на видео сесијата, тоа ќе биде искористено за да се запази регуларноста на полагањето. Доколку за време на полагањето или дополнително се утврди дека некој од студентите користи недозволени методи со цел да го положи испитот, неговите резултати нема да бидат земени во предвид, а притоа ќе биде даден на Дисциплинскатa комисија при Градежен факултет.

За време на испитот, студентот треба да напише име и презиме, индекс и реден број на секој од листовите на кој работи и планира да ги предаде. Сите листови кои треба да се прегледаат студентот ќе треба да ги испрати на маиловите:

Делот задачи го испраќа на предметниот асистент, Љупчо Петров,  ljupchopetrov@yahoo.com

Делот теорија (и дел задачи кај кои професорите држат вежби) на предметните професори,

проф. д-р Силвана Петрушева,  sil888mk@yahoo.com

проф. д-р Зоран Мисајлески,  zokimisajleski@gmail.com

проф. д-р Даниел Велинов,  velinov.daniel@gmail.com

Испраќањето на решенијата и одговорите на задачите и прашањата треба да се направи најдоцна 5 минути од завршувањето на испитот на соодветниот маил. Пратените решениија после овој рок нема да се земаат во предвид.

 

По прегледувањето на материјалите од испитите, предметните професори и асистент ќе закажат дополнителен усен испит за оние кои го положиле овој дел. Усниот испит ќе биде неколку дена, по терминот за полагање на овој дел од испитот и ќе биде соопштен на 19.9.2020. На усниот испит, студентите повторно ќе мора да бидат уклучени со два уреди, и усното одговарање ќе биде пред сите колеги кои се повикани на усен испит, како би се задржала транспарентноста. Доколку има драстична разлика во одговорите на студентот помеѓу писменото полагање и усното полагање, професорот може да му даде укор на студентот или да го даде случајот на разгледување на Дисциплинската комисија при Градежен факултет.

 

Линк nа Zoom на кој треба да се приклучат студентите кои полагаат:

Ucilna131 Gradezen is inviting you to a scheduled Zoom meeting.

Topic: Дополнителен испитен рок-Математика 18.9.2020

Time: Sep 18, 2020 08:45 AM Sarajevo, Skopje, Zagreb

Join Zoom Meeting

https://us02web.zoom.us/j/86017725270?pwd=MEh1M09zN3FFNEMwQ0JVOEdGMFcwdz09

 

Meeting ID: 860 1772 5270

Passcode: 044316

 

Студентите може да се логираат со копирање на  https линкот во било кој web browser +enter или преку внесување на соодветниот Meeting ID и Passcode.

Линковите ќе бидат активни на 18.9.2020 во 8,55 часот.

 

16.9.2020                                                         Катедра по математика и информатика