Инженрски прстен 2021 од Градежен факултет е Дејан Геговски, магистер по технички науки од областа на градежништвото.
Уште од мали нозе им се восхитував на градбите, особено на помаркантните и оние древните грандиозни градби. Често гледав документарци во кои предмет на истражување беа токму ваквите градби, а начинот на кој ги анализираа особено ме заинтригира. Најверојатно оттаму се родија желбата и интересот кон градежното инженерство, се потсетува Геговски
![](https://dev9.nikolic.win/wp-content/uploads/2023/12/20210715-intervju-so-m-r-dejan-gegovski-gradezhen-inzhener-posvetenosta-i-odgovorniot-pristap-me-donesoa-do-inzhenerski-prsten-1.jpg)
Вашето име го впишавте како носител на „Инженерски прстен“, како круна на досегашниот вложен труд во образованието. Што претставува ова признание за Вас?
– Ми претставува огромната чест и задоволство да бидам носител на вакво признание од највисок ранг, кое би рекол дека претставува настроение на секој млад инженер. Доделувањето на овој прстен го доживувам како потврда и пофалба на мојата досегашна работа, а уште повеќе како повод и поттик да продолжам со надградба низ професионалната кариера.
Од каде се роди интересот кон градежното инженерство?
– Уште од мали нозе им се восхитував на градбите, особено на помаркантните и оние древните грандиозни градби. Често гледав документарци во кои предмет на истражување беа токму ваквите градби, а начинот на кој ги анализираа особено ме заинтригира. Најверојатно оттаму се родија желбата и интересот кон градежното инженерство и одлуката во таа насока да го продолжам моето образование.
Од оваа гледна точка, како го оценувате квалитетот на студиите на Градежниот факултет во Скопје при УКИМ?
![](https://dev9.nikolic.win/wp-content/uploads/2023/12/20210715-intervju-so-m-r-dejan-gegovski-gradezhen-inzhener-posvetenosta-i-odgovorniot-pristap-me-donesoa-do-inzhenerski-prsten-2.jpg)
Кои беа Вашите принципи за успешното образование и Ве доведоа до признанието „Инженерски прстен“?
– Принципи, а воедно би рекол мои карактеристики, се: одговорност, посветеност, детерминираност и амбициозност, со што посебен акцент би ставил на одговорноста. Сметам дека одговорниот пристап пред секој предизвик/задача е клучна работа за успех.
Какви се Вашите планови за инженерската иднина – продолжувате ли во образованието или одлучивте да влезете во практична реализација на инженерските знаења?
– Бидејќи веќе 3 години бев во образовниот систем, како демонстратор на Катедрата за бетонски и дрвени конструкции (КБДК) на Градежниот факултет во Скопје при УКИМ, можам да констатирам дека би продолжил по тој пат доколку се укаже реална можност за вработување. Но, поради сложеноста и бавноста на самиот процес на вработување, а дополнително и финансискиот момент (како демонстратор), минатата година ја напуштив позицијата во факултетот и се вработив во приватно проектантско биро. Моментално се занимавам со решавање практични проблеми, но морам да признаам дека за нијанса повеќе уживам во научно истражувачките дејности.
Која е Вашата клучна порака/апел за младите колеги од инженерската струка?
Преземено од web страната https://www.fakulteti.mk/