Назад
локал 218

д-р Самарџиоска Тодорка

Проф. д-р Тодорка Самарџиоска e член на Катедрата за механика и материјали. Дипломирала во 1994 година, магистрирала во 1999 година на Градежен факултет-Скопје при УКИМ, а докторирала во 2006 година на Весекс Институтот за технологија, на Универзитетот во Велс, Велика Британија. На прв циклус ги предава следните предмети: „ Градежни материјали “ и „Градежна физика“ на СП Градежништво, „ Теориска механика“ на СП Геодезија и „ Градежни материјали“ на СП Геотехника. На втор циклус ги предава следните предмети: „ Методи на гранични елементи “, „Енергетска ефикасност на објекти“ на СП Градежништво-конструктивна насока, „Енергетски ефикасни објекти“ на листата на УКИМ и „ Теорија на наука и методологија на истражување “ на СП Менаџмент со недвижности. На третиот циклус ги предава следните предмети: „ Звучна изолација за одржливи урбани конструкции“, „ Моделирање на порозни средини за тек и транспорт на контаминанти“, „Акустика на простории“ и „Проценка на животен циклус и проектирање на одржливи објекти“ на СП Градежништво.

 

Линкови

CV

Катедра: Механика и материјали
Социјалните мрежи: