Соопштенија

16-тата Европска-подунавско конференција за геотехничко инженерство

Од 7.06.2018 до 9.06.2018 год, во организација на Друштвото за геотехника на Македонија и коорганизација на Универзитетот ”Св.Кирил и Методиј” Скопје, Градежниот факултет при УКИМ, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РМ и Инженерската институција на Македонија, беше одржана 16-тата Европска-подунавско конференција за геотехничко инженерство. Генералната тема на Конференцијата беше „Геотехнички хазарди и ризици: искуства и пракса“.  Конференцијата е и под покровителство на Мегународното друштво за механика на почвите и геотехничко инженерство (ISSMGE – International Society for Soil Mechanics and Geotechnical Engineering).
На настанот претходеа две значајни манифестации. Имено, од страна на почесниот покровител на Конференцијата, Претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорѓе Иванов, беше доделен Медал за заслуги за Македонија на почесниот доктор на науки на УКИМ, проф. д-р Хајнц Брандл од Австрија за негово континиурано залагање за развој на науката, образованието и инженерството во Република Македонија во тек на минатите 10 години.
Исто така, на 6-ти јуни беше одржан Семинар под наслов “Управување со ризици во тенелоградбата” на кој свои предавања одржаа најпознати експерти од оваа област во светот делегирани од Меѓународната Асоцијација за тунелоградба и користење на подземен простор (ITA–Internatiоnal Tunneling and Underground Space Association).
На двата настани, присуствуваа над 500 претставници од 46 земји од светот, а беа присути и сите директори од сите континенти на двете наведените светски асоцијации, претставени од нивните претседатели Професор Чарлс Нг од Хонг Конг (претседател на ISSMGE) и проф. Тарцисио Целестино (претседател на ITA).
Трудовите од  Конференцијата се испечатени во два тома во Зборникот на трудови, којшто е во издание на Друштвото за геотехника и Универзитетот Св.Кирил и Методиј. Како главни едитори се појавуваат Ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски и проф. Милорад Јовановски од Градежниот факултет – Скопје во својство на претседател на Друштвото за геотехника. Зборникот има и електронско издание во режија на една од најпознатите светски издавачки куќи, Ernst and Sons, Willey brand од Германија.
Подетални информации може да се најдат на www.decge2018.mk

 

DSC_6432DSC_6296DSC_6253