Соопштенија

Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, на 18 и 19 август организира „Отворен ден на УКИМ“

Драги матуранти, наши идни студенти,
Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, на 18 и 19 август организира „Отворен ден на УКИМ“. Настанот ќе се одржи online преку платформата Microsoft Teams.
Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.
Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сѐ што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практиканството, за кариерните можности….
Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!
Термините и линковите се на следниот линк: http://www.ukim.edu.mk/otvoren-den.
Со почит,
Ваш УКИМ
226379435_4222958574461087_453141777986232417_n