Соопштенија

Студентска анкета за летен семестар 2020/2021

 

Почитувани студенти,

Вообичаено, по завршувањето на секој семестар, од страна на студентите се пополнува анкета за секој предметен наставник и асистент по секој од предметите кои студентот ги слушал во семестарот. Студентската анкета има за цел да даде реална престава за нивото и квалитетот на реализирање на предавањата и вежбите, расположлива литература, како и достапноста, односот, одговорноста, капацитетот и квалитетот на наставниот и соработничкиот кадар. Освен оценување на наставниот кадар и асистентите, имате можност да напишете и конструктивни коментари за подобрување на целокупниот процес на одвивање на наставата.

Со оглед на тоа дека изминатите семестри се забележани голем број на повеќекратно искористени кодови, во соработка со Студентскиот парламент на Градежен факултет-Скопје, го менуваме начинот на доставување на бар кодовите. Бар кодовите во pdf формат ќе ги испратите на e-mail до кој има пристап само Претседателот на СПГФ, кој потоа сите заедно ќе ги испрати до Претседателот на Комисијата за самоевалуација на ГФ. Важно е да се напомене дека на тој начин ќе се зачува анонимноста на анкетата, бидејќи СПГФ не располага со читач на бар кодови со кој би се евидентирало кој студент што одговорил, а од друга страна ние како комисија нема да располагаме со бројот на индекс, туку само со бар кодовите. По завршување на рокот за спроведување на анкетата, СПГФ ќе достави список со студенти до студентска служба, кои доставиле важечки бар кодови, и само тие студенти ќе имаат право на заверка на претходниот и запишување на наредниот семестар. Постапката и рокот се дадени на следната страна.

 

 
Претседател на Комисија за самоевалуација на Градежен факултет – Скопје

Вонр. проф. д-р Дарко Наков

 

 

 

Студентска анкета за летен семестар 2020/2021 се спроведува од 14 јуни до 28 јуни 2021 година.

 

Постапка:

  1. Логирај се на http://anketa.gf.ukim.edu.mk/и спроведи ја анкетата за предметите од летниот семестар 2020/21.
  2. На истата веб страна, пред анкетата, Ви е поставено кратко 3 минутно видео упатство.
  3. Добиениотбар код во pdf формат, испрати го на следниот e-mail: anketa@gf.ukim.edu.mk со назив на пораката (впишана во Subject): 6893_ГР_3сем, со следното значење                                      (Бр.на индекс_студиска програма ГР, ГД или ГТ_ семестар кој се анкетира). Името на pdf фајлот треба да биде без број на индекс, односно само ГР_3сем.
  4. Доколку студентот преслушува предмет од претходен семестар, доставува бар код и за тој семестар.
  5. При запишување на семестарот на шалтер во септември, студентска служба ќе има список со студенти кои доставиле важечки бар код и само тие студенти ќе можат да запишат нареден семестар.

Анкетата е задолжителна за секој студент на прв циклус на студии, а од наредната учебна година ќе биде задолжителна и на втор циклус на студии.