Соопштенија

Меморандум за соработка помеѓу Градежен Факултет-Скопје и Бинтерн

Успешната приказна Bintern продолжува со нова склучена соработка, овој пат со уште една образовна институција и тоа со Градежен факултет – Скопје. Со оваа соработка Градежниот факултет им се приклучи на многу други образовни институции кои склучиле договор со Bintern. Со овој меморандум за соработка на студентите на Градежен Факултет ќе им се овозможи за време на нивното студирање, но и по нивното завршување многу полесно да пронајдат пракса или идно вработување.

 

На Градежен факултет-Скопје се организираат студии на прв циклус по три студиски програми: Градежништво, Геодезија и Геотехничко инженерство. По овие студиски програми студентите во сите години на студии имаат задолжителна пракса, а најлесно таа пракса ќе ја пронајдат преку платформата Bintern.

 

Преку платформата Bintern на едноставен начин можат да пронајдат првично пракса која им овозможува надоградба на своето знаење, а подоцна, по завршувањето на нивните студии можат да пронајдат и работа и да си ја изградат сопствената кариера, на начин на кои го замислиле.

 

Затоа Bintern е тука да им помогне на студентите да ја започнат својата кариера, без разлика од кој факултет да доаѓаат.

Доколку размислувате од каде да започнете тогаш Bintern е местото каде што студентите и дипломците се поврзуваат со компаниите за пракса и вработување.

Регистрирајте се веднаш на bintern.com

https://bintern.blog/skluchen-e-memorandum-za-sorabotka-pomegju-gradezhen-fakultet-skopje-i-bintern?fbclid=IwAR1pBIEwl5wVDHsoOdYKch2MQmPGWCoVt-f4P1Ry1SBTUZnWtlB7atZUxgM