Соопштенија

Уписи на прв циклус 2020/2021

Извадок од Конкурсот за запишување на студенти на прв циклус на студии по градежништво, геодезија и геотехничко инженерство на УКИМ Градежен факултет – Скопје во учебната 2020/2021 година

 

Пријавување на кандидати за студенти на Градежен факултет – Скопје се врши на 31.8 и 1.9.2020 година (прв рок) со регистрирање на web страната www.upisi.ukim.edu.mk и пополнување на електронска пријава на iknow системот. Регистрирањето на системот за прв рок е можно и пред овие датуми, но не и подоцна.

На email адресата upisi2020@gf.ukim.edu.mk со subject (генериран број од iknow пријавата) кандидатите ги доставуваат скенираните документи:

  • пријава за запишување (образец А1, од УКИМ скриптара)
  • електронска пријава од iknow системот
  • изјава за веродостојност и точност на податоци (самостална изјава во word www.gf.ukim.edu.mk)
  • свидителства од 4 години
  • документ за положена државна матура (освен за 19/20 год. со Уредба)
  • извод од матична книга на родени
  • доказ за македонско државјанство
  • административна такса од 50 денари
  • уплата од 300 денари на жиро сметката на Градежен факултет 100000000063095, со сметка на буџетски корисник 1600104219 788 15, приходна шифра 723012, програма 41, и цел на дознака: за СП за кои не се врши проверка на знаењето

Кандидатите ќе добијат автоматска потврда дека пријавата е примена, а потоа и дека е уредно поднесена (или ако не е, да се дополни и сл.)

Одговорноста за точноста на поднесените документи ја сносат самите кандидати.

Пријавата за запишување (образец А1), изводот од матична книга на родени и доказот за македонско државјанство примените кандидати треба да ги достават во ОРИГИНАЛНА ФОРМА при нивното запишување (за прв рок на 10 и 11.9.2020 год.)

 

Запишувањето на примените кандидати е на 10 и 11.9.2020 год, од 11-13.00 часот, со потребните документи:

  • индекс, студентска легитимација, формулар за запишување (од УКИМ скриптара)
  • статистички образец ВОИ-20 (од gf.ukim.edu.mk)
  • интерен формулар со предмети (од gf.ukim.edu.mk) од кој се пополнуваат индексот, формуларот за запишување и електронското досие на www.iknow.ukim.mk
  • 3 фотографии (залепени на индексот, легитимацијата и формуларот за запишување)
  • уплатница за партиципација од 6200 ден (во државна квота) или 12400 ден (во квота со кофинансирање) на жиро сметката на факултетот 100000000063095, со сметка на буџетски корисник 1600104219 788 15, приходна шифра 723012, програма 41
  • уплатница за материјални трошоци и осигурување од 1850 ден на жиро сметката на факултетот
  • уплатница за ИКСА на УКИМ од 750 ден. на жиро сметката на УКИМ 100000000063095, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18, приходна шифра 723012, програма 41

Електронското досие на iknow системот треба да се пополни со изборот на предмети до 12.9.2020  година.

Наставата почнува на 5.10.2020 год според Распоредот на часови објавен на web страната.