Соопштенија

ПОКАНА ЗА СВЕЧЕНОСТ ПО ПОВОД 70-ГОДИШНИНАТА НА ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ

ПОКАНА ЗА СВЕЧЕНОСТ ПО ПОВОД 70-ГОДИШНИНАТА НА

ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ

 

 

Градежниот факултет во Скопје, како една од најстарите единици на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, оваа година го одбележува своето 70-годишно постоење .

По тој повод на 16-ти Октомври (среда) со почеток во 11 часот во Амфитеатарот на Градежниот факултет ќе се одржи пригодна свеченост.

Ќе ни претставува посебна чест и особено задоволство доколку лично присуствувате на нашата прослава.

 

 

                                                                                                                        Декан

                                                                                                   Проф. д-р Златко Србиноски

 

 

 

АГЕНДА НА НАСТАНОТ

 

  • КРАТКО ОБРАЌАЊЕ НА ДЕКАНОТ НА ГРАДЕЖНИОТ ФАКУЛТЕТ ДО ГОСТИТЕ, СТИПЕНДИСТИТЕ И СИТЕ ПРИСУТНИ
  • ДОДЕЛУВАЊЕ НА ПЛАКЕТИ ЗА ДОЛГОГОДИШНА УСПЕШНА СОРАБОТКА СО ГРАДЕЖНИОТ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ
  • ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ И СТИПЕНДИИ НА НАЈДОБРИТЕ СТУДЕНТИ

ДЕКАНАТ НА ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ