Соопштенија

Отворен ден на УКИМ 22.08.2019

Драги матуранти, наши идни студенти,

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 22 Август ве кани на манифестацијата „Отворен ден“.

На Манифестацијата ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, ќе се презентираат активностите од студентите, центрите за кариера, алумни асоцијацијата на УКИМ.

Во текот на вечерта ќе може да се забавувате со диџеј, бендови и групи од Факултетот за музичка уметност и настапи на студенти од Факултетот за драмски уметности.

 

Линк до настанот