Соопштенија

Оглас за дипломиран геодетски инженер

ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и други ДОО (ГЕИНГ) е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура, геодезијата и заштитата на животната средина. Поради зголемен обем на работа Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО Скопје има потреба од вработување на:

Оглас за работна позиција:  Дипломиран геодетски инженер

 

Минимум потребни квалификации:
  • Дипломиран геодетски инженер
  • Со работно искуство
  • Познавање на Англиски јазик ќе се смета за предност
  • Oдлично познавање на компјутерски алатки: MS Office, AutoCAD/ Civil 3D, Microstation V8, MakEdit
  • Поседување на Б возачка дозвола
Дополнителни квалификации/вештини/познавања
  • Одлични интерперсонални, комуникациски и аналитички способности, организираност и систематичност во работата, познавање на правните прописи во РМ.
Работни задачи
  • Учествува во геодетски снимања и ги обработува податоците, изработува елаборати од областа на геодезијата и учествува во стручен геодетски надзор.
Вашата биографија, мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:
  • По електронска пошта на e-mail : kariera@geing.com.mk најдоцна до 21.02018
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.