Соопштенија

Настан во организација на Друштвото за геотехника на Македонија

Почитувани колеги,
во вторник, 26.3., во Салата за состаноци на Градежниот факултет ќе се одржи настан во организација на Друштвото за геотехника на Македонија со следниот распоред:
Час
Чин
Лице
09:10
Регистрација на присутни
09:30
Можности за осовременување на патна механизација со мобилни автоматизирани системи
Ерик Гајс,
Мobile Automation AG, Германија
10:30
Дискусија
10:45
Кафе-пауза
11:00
Примена на геосинтетици при зајакнување на слабоносиви почви
Витомир Добриќ,
TENSAR, Велика Британија
11:30
Примери на изведени потпорни конструкции од армирана земја во регионот
Мирослав Јањиќ,
LIPEX, Србија
12:00
Дискусија
12:15
Коктел
13:00
Работилница: Користење на софтвер за проектирање на потпорни конструкции од геомрежи
Лео Куљански,
TENSAR, Холандија
Како што може да се види, во првиот дел ќе се одржат три презентации. Почетната ќе биде во аранжман на МОВА (германска фирма со повеќедецениско искуство и работа на сите континенти, која минатата година се стекна и со ласкаво признание за една од 100-те најдобри иноватори), во рамките на која на учесниците ќе им бидат презентирани остварливи идеи за збогатување на бројот на податоци, мерења и контроли при рутинска изведба на патна инфраструктура, после што ќе следат презентации на претставници на TENSAR за реализирана примена на геосинтетици. Потоа, во попладневниот дел, ќе се врши обука за користење на софтвер, на која, меѓутоа, бројот на расположиви места е лимитиран со ограничениот простор заради користење на компјутери.
Се надеваме дека помеѓу изложеното ќе најдете привлечна тема за да земете учество.