Соопштенија

Известување за почеток на јунска сесија

Почитувани колеги,

Согласно одлуките од 249 Седница на Ректорската Управа при УКИМ, Ве известуваме дека ќе дојде до поместување на почетокот за полагање на испитите во Јунската (втора) испитна сесија, која наместо на 1 јуни, ќе започне на 15 јуни 2020 год.

Сите понатамошни детали, поврзани со организацијата на сесијата и слично, ќе бидат донесени на Седница на Наставно-Научниот совет, во почетокот на месец јуни.

Со почит,

Вон. проф. д-р Златко Зафировски
Продекан за настава