Заверка на летен семестар 20/21 и запишување зимски семестар 21/22, I и II циклус
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР 2020/2021 И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ЗА I ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2021/2022
Покриеност настава за зимски и летен за прв циклус на студии 2021/2022.
Запишувањето на зимскиот семестар во iknow системот е задолжителен пред да донесете документи на шалтерите на студентската служба од 15 до 21.9.2021 г. Компјутерскиот центар ви е на располагање да го направите запишувањето на семестар пред да ги донесете документите на шалтер. За студентите на прв циклус на студии на Градежниот факултет во Скопје, од сите студиски програми, запишувањето на ЗИМСКИ семестар, во учебната 2021/22 година, на шалтерите на СТУДЕНТСКАТА СЛУЖБА ќе се врши во период од 20 до 24.9.2021 од 10,00 до 14,00 часот и тоа по следниот распоред: 20. Септември – градежништво (индекс. 9940 – 10047) 21. Септември – градежништво (индекс. 9819 – 9938) геотехничко инженерство, сите студенти (индекс. 51 до 351) 22. Септември – градежништво (индекс. 9638 – 9816) геодезија (индекс. 1366 до 1453 и бр. 340) 23. Септември – градежништво (индекс. 9308 – 9635) геодезија (индекс. 1000 до 1363) 24. Септември – градежништво (индекс. 5333 – 9307) геодезија (индекс. 597 до 1360) ПОЧИТУВАЈТЕ ГО РАСПОРЕДОТ И РЕДНИОТ БРОЈ ШТО ГО ДОБИВАТЕ ОД СИСТЕМОТ!
· Индекс и потписи во iknow од предметните професори (за неземен потпис, предметот се смета за незаверен, и студентот треба да го преслушува во следниот летен семестар); · Образец за заверка на семестарот (се пополнува со предметите од летниот семестар); · Образец за запишување на семестарот (се пополнува со предметите од зимскиот семестар); · Интерен формулар за запишување на семестарот од кој се запишуваат предметите во индексот и во формуларот за запишување на семестар (се презема од www.gf.ukum.edu.mk или од копирницата на Факултетот); линк до интерните формулари · ВОИ.20 (од скриптара, од копирница или од сл. линк ВОИ.20) · ПРИЈАВИ ЗА ИСПИТ ВО ХАРТИЕНА ФОРМА ЗА ПРЕДМЕТИТЕ КОИ ЌЕ СЕ ЗАПИШАТ ВО ЗИМСИОТ СЕМEСТАР /пополнети со основните податоци кои важат за наредните 3 сесии/ · Уплатени 310 ден. за потврда за редовен студент во зимски семестар 2021/2022, АКО НА СТУДЕНТОТ МУ Е ПОТРЕБНА; · Уплатени 1850 ден. за материјални трошоци, солидарна одговорност и лабораториски вежби и осигурување линк до ценовник · Уплатена партиципација од 6.200 ден. за семестар за студентите во државна квота ИЛИ според бројот на запишани кредити /1 кредит = 205 ден/ или · Уплатена партиципација од 12.400 ден. за семестар за студентите запишани со кофинасирање ИЛИ според бројот на запишани кредити /1 кредит = 410 ден./ · Уплатена казна од 620 ден. за секој предмет кој се презапишува по втор и повеќе пати, за студентите во државна квота и во квота со кофинансирање;
· Уплатени 750 ден. за ИКСА на УКИМ за 2020/2021 на жиро сметката на УКИМ, трансакциска сметка 1000000000 630 95, сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18, приходна шифра 723012 програма 41.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ!! · Студентите кои запишуваат предмет по трет пат, преминуваат од државна квота во квота со кофинансирање (партиципација 12400 ден, односно цена на 1 кредит 410 д.) · Студентите кои изработуваат дипломска работа не запишуваат семестар, ако ја имаат одбрането заклучно со 1 октомври 2021 година, но потребно е да донесат образец за заверка на летниот семестар 2020/21 година. · Студентите кои нема да одбранат дипломска до овој датум, треба да го запишат семестарот само со кредитите од дипломската и обрасци за запишување/заверување на семестар. · Наставата почнува на 4.10.2021 година според распоредот на часови истакнат на web страната на гф. · Студенти задолжително користете го Календарот на активности каде што ги имате сите информации во врска термините кои треба да ги почитувате!! линк до Календарот · Правилник за прв и втор циклус на студии. Линк
|
||||||||||
|