ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР ЗА I ЦИКЛУС И ЗА II ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2019/2020
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР ЗА I ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2019/2020
ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО IKNOW СИСТЕМОТ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРЕД ДА ГИ ДОНЕСЕТЕ ДОКУМЕНТИ НА ШАЛТЕРИТЕ НА СТУДЕНТСКАТА СЛУЖБА (од 1 до 9.2.2020 г.) – 10. февруари – втор семестар за градежништво и геодезија – 11. февруари – четврти семестар за градежништво и геодезија – 12. февруари – шести семестар за градежништво и геодезија – 13. февруари – геотехничко инженерство
► Индекс со потписи од предметните професори (за неземен потпис, предметот се смета за незаверен, и студентот треба да го преслушува во следниот зимски семестар); ►испечатен БАР КОД на бел А4 лист од пополнетата анкета за летен семстар; линк до анкетата ► Потврда за уплатена партиципација од 6.200 ден. за семестар за студентите во државна квота ИЛИ според бројот на запишани кредити /1 кредит = 205 ден или ► Потврда за уплатена партиципација од 12.400 ден. за семестар за студентите запишани со кофинасирање ИЛИ според бројот на запишани кредити /1 кредит = 410 ден., линк до калкулатор на кредити
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ!!
►Студентите кои запишуваат предмет по трет пат во зимскиот семестар, односно не освоиле најмалку 50% од запишаните кредити во летниот семестар 2018/19 до почетокот на летниот семестар 2019/20 преминуваат од државна квота во квота со кофинансирање (партиципација од 12400 ден, односно цена на 1 кредит 410 ден.) според чл. 22 од Правлникот за студирање на прв и втор циклус на студии. ►Студентите кои изработуваат дипломска работа не запишуваат семестар, ако ја имаат одбрането заклучно со 29 февруари 2020 година, но потребно е да донесат образец за заверка на зимскиот семестар 2019/20 год. ►Студентите кои нема да одбранат дипломска до овој датум, треба да го запишат семестарот само со кредитите од дипломската и обрасци за запишување/заверување на семестар. ►Наставата почнува на 17.2.2020 година според распоредот на часови истакнат на web страната на ГФ. ►Студенти, задолжително користете го Календарот на активности каде што ги имате сите информации во врска термините кои треба да ги почитувате!! линк до Календарот
|
||||
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР ЗА II ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2019/2020
ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО IKNOW СИСТЕМОТ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРЕД ДА ГИ ДОНЕСЕТЕ ДОКУМЕНТИ НА ШАЛТЕРИТЕ НА СТУДЕНТСКАТА СЛУЖБА (од 1 до 9.2.2020 г.)
За студентите на втор циклус на студии на Градежниот факултет во Скопје од сите студиски програми запишувањето на ЛЕТЕН семестар во учебната 2019/20 година на шалтерите на СТУДЕНТСКАТА СЛУЖБА ќе се врши во термините: – 13. февруари – од 11,оо до 13,оо часот – 14. февруари – од 11,оо до 13,оо часот
► Индекс со потписи од предметните професори (за неземен потпис, предметот се смета за незаверен, и студентот треба да го преслушува во следниот зимски семестар); ► Интерен формулар за запишување на семестарот од кој се запишуваат предметите во индексот и во формуларот за запишување на семестар (се презема од www.gf.ukum.edu.mk или од копирницата на Факултетот); линк до интерните формулари (втор циклус) ►Потврда за уплатена партиципација од 30.750 / 24.600 односно по предмет 6150 / 4950 ден. ►За повторно запишан/заменет предмет на II циклус, студентот плаќа износ во висина од 6150/4950 (според студиската програма) ►Студентите кои ги положиле сите испити имаат обврска до магистрирањето да го запишуваат секој семестар со административна уплата од 920 ден. ►Студентите кои ги положиле испитите според Наставната програма за втор циклус на студии пред да поднесат пријава за магистерска работа, од студентската служба задолжително подигнуваат извод за положени испити со уплата од 610 ден.
|
||||
►Наставата почнува на 17.2.2020 година според распоредот на часови истакнат на web страната на ГФ.
►Студенти задолжително користете го Календарот на активности каде што ги имате сите информации во врска термините кои треба да ги почитувате!! линк до Календарот