Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР НА ПРВ И ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2020/2021

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР НА I ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2020/2021

Покриеност настава за зимски и летен за прв циклус на студии 2020/2021

Напомена: документите можете да ги оставите во соодветната кутија според студиската програма или да почекате на шалтер да биде повикан вашиот број (еден студент, еден индекс, еден број)

 

Почитувајте ги препораките за заштита од Ковид-19: Приоѓајте еден по еден на шалтер, одржувајте дистанца, користете заштитна маска и пластични ракавици…

Пополнувањето на студетската анкета за зимски семестар 2020/2021 е задолжително пред да ги донесете документи на шалтерите на студентскиот оддел во период 27.јануари -10.февруари 2021.

Запишувањето на летниот семестар во iknow системот е задолжително пред да ги донесете документи на шалтерите на студентскиот оддел во период 1-14.февруари 2021.

Од 1.февруари, студентите кои ги исполнуваат условите за запишување на летниот семестар (обезбедени потписи и положени предмети кои се услов за запишување на предмети во летниот семестар) можат да го запишат семестарот и пред роковите утврдени по календарот, и во период од 11-13 часот да ги донесат документите на шалтер.

За студентите на прв циклус на студии на Градежниот факултет во Скопје, од сите студиски програми, запишувањето на летен семестар, во учебната 2020/2021 година, на шалтерите на студентскиот оддел ќе се врши во период од 15.2.2021 до 22.2.2021 од 10,00 до 13,00 часот и тоа по следниот распоред:

15. февруари – втор семестар, прв циклус, градежништво и геодезија

16. февруари – втор семестар, прв циклус, градежништво и геодезија

17. февруари – четврти семестар, прв циклус, градежништво и геодезија

18. февруари – четврти семестар, прв циклус, градежништво и геодезија

19. февруари – шести семестар, прв циклус, градежништво и геодезија

22. февруари – прв циклус, градежништво и геотехника

Почитувајте го распоредот и редниот број што го добивате од системот!

Потребни документи и уплати:

·        Индекс;

·        Образец за заверка на семестарот (се пополнува со предметите од зимски семестар);

·        Образец за запишување на семестарот (се пополнува со предметите од летен семестар);

·        Интерен формулар за запишување на семестарот од кој се запишуваат предметите во индексот и во формуларот за запишување на семестар (линк до интерните формулари);

·        Пријави за испити во хартиена форма за сите предмети кои ги запишувате во летен семстар (пополнети со основните податоци кои важат за наредните 3 сесии);

·        Уплатена партиципација од 6.200 ден. за семестар за студентите во државна квота или според бројот на запишани кредити (1 кредит = 205 ден)    или

·        Уплатена партиципација од 12.400 ден. за семестар за студентите запишани со кофинасирање или според бројот на запишани кредити (1 кредит = 410 ден.).

линк до калкулатор на кредити

·        Уплатена казна од 620 ден. за секој предмет кој се презапишува по втор и повеќе пати, за студентите во државна квота и во квота со кофинансирање;

·        Плаќање на рати е дозволено за вкупна сума над 9000 денари, и тоа на две рати, при што првата рата се плаќа при запишувањето, а втората до 15 април 2021 г. Студентот поднесува и архивски заверена молба во прилог на документите во која ја наведува причината за плаќањето на рати, и вкупната сума.

УПЛАТИТЕ СЕ ВРШАТ НА ОБРАЗЕЦ ПП-50
НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: БУЏЕТ НА РСМ – ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НБРСМ
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА: 1000000000 630 95
СМЕТКА НА БУЏЕТСКИ КОРИСНИК: 1600104219 788 15
ПРИХОДНА ШИФРА: 723012 41 ЗА ПАРТИЦИПАЦИЈА
ПРИХОДНА ШИФРА: 723019 41 ЗА ОСТАНАТИТЕ ПЛАЌАЊА

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ!!

·        Студентите кои запишуваат предмет по трет пат, преминуваат од државна квота во квота со кофинансирање (партиципација 12400 ден, односно цена на 1 кредит 410 д.)

·        Студентите кои изработуваат дипломска работа не запишуваат семестар, ако ја одбранат најдоцна до 26 февруари 2021 год., но потребно е да донесат образец за заверка на зимскиот семестар 2020/21 година.

·        Студентите кои нема да одбранат дипломска до овој датум, треба да го запишат семестарот само со кредитите од дипломската и обрасци за запишување/заверување на семестар.

·        Наставата почнува на 15.2.2021 година според распоредот на часови истакнат на web страната на гф.

·        Студенти задолжително користете го Календарот на активности каде што ги имате сите информации во врска термините кои треба да ги почитувате!! линк до Календарот

·        Правилник за прв и втор циклус на студии. линк до Правилникот

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Известување за заверка на зимски семестар и запишување на летен семестар за втор циклус на студии во 2020/2021

Покриеност настава за зимски и летен за втор циклус на студии 2010/2021

Напомена: документите можете да ги оставите во соодветната кутија според студиската програма или да почекате на шалтер да биде повикан вашиот број (еден студент, еден индекс , еден број)

 

Почитувајте ги препораките за заштита од Ковид-19: Приоѓајте еден по еден на шалтер, одржувајте дистанца, користете заштитна маска и пластични ракавици…

Запишувањето на летниот семестар во iknow системот е задолжително пред да ги донесете документи на шалтерите на студентскиот оддел во период 1-14.февруари 2021.

За студентите на втор циклус на студии на Градежниот факултет во Скопје, од сите студиски програми, запишувањето на летен семестар, во учебната 2020/21 година, на шалтерите на студентскиот оддел ќе се врши во период од 23.2.2021 до 26.2.2021 од 10,00 до 13,00 часот.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ И УПЛАТA:

·        Индекс;

·        Образец за заверка на семестарот (се пополнува со предметите од зимски семестар);

·        Образец за запишување на семестарот (се пополнува со предметите од летен семестар);

·        Интерен формулар за запишување на семестарот од кој се запишуваат предметите во индексот и во формуларот за запишување на семестар (линк до интерните формулари);

·        Пријави за испити во хартиена форма за сите предмети кои ги запишувате во летен семстар (пополнети со основните податоци кои важат за наредните 3 сесии);

·        Уплатена партиципација од 24.600 ден. за семестар

·        За повторно запишан/заменет предмет на II циклус, студентот плаќа износ во висина од 4950 ден.

·        Студентите кои ги положиле сите испити имаат обврска до магистрирањето да го запишуваат секој семестар со административна уплата од 920 ден.

·        Студентите кои ги положиле испитите според Наставната програма за втор циклус на студии пред да поднесат пријава за магистерска работа, од студентската служба задолжително подигнуваат извод за положени испити со уплата од 610 ден.

УПЛАТИТЕ СЕ ВРШАТ НА ОБРАЗЕЦ ПП-50
НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: Буџет на РСМ – Градежен факултет – Скопје
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НБРСМ
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА: 100000000063095
СМЕТКА НА БУЏЕТСКИ КОРИСНИК: 1600104219 788 15
ПРИХОДНА ШИФРА: 723012 41 за партиципација
ПРИХОДНА ШИФРА: 723019 41 за други уплати
  • Наставата почнува на 15.2.2021 година според распоредот на часови истакнат на web страната на Градежен факултет.
  • Студенти задолжително користете го Календарот на активности каде што ги имате сите информации во врска термините кои треба да ги почитувате!! линк до Календарот
  • Правилник за прв и втор циклус на студии. линк до Правилникот