Заверка на летен семестар и запишување на зимски семестар 2019-2020 за прв и втор циклус на студии
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР 2018/2019 И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ЗА I ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2019/2020
Покриеност настава за зимски и летен за 1 прв циклус на студии 2019/2020.
ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО IKNOW СИСТЕМОТ Е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПРЕД ДА ДОНЕСЕТЕ ДОКУМЕНТИ НА ШАЛТЕРИТЕ НА СТУДЕНТСКАТА СЛУЖБА ВО ПЕРИОД од 9 до 13.9.2019 г. – 16. Септември – прв семестар по втор пат за градежништво и геодезија – 17. Септември – трети семестар за градежништво и геодезија – 18. Септември – петти семестар за градежништво и геодезија – 19. Септември – геотехничко инженерство
► Индекс со потписи од предметните професори (за неземен потпис, предметот се смета за незаверен, и студентот треба да го преслушува во следниот летен семестар); ► ВОИ.20 (се зема од скриптара, од копирница или од сл. линк ВОИ.20 ► Уплатени 310 ден. за потврда за редовен студент во зимски семестар 2019/2020, АКО НА СТУДЕНТОТ МУ Е ПОТРЕБНА; ► Уплатени 100 ден. за осигурување на студенти во период 1.10.2019 до 30.9.2020 ► Уплатени 1550 ден. за материјални трошоци, солидарна одговорност и лабораториски вежби ► Потврда за уплатена партиципација од 6.200 ден. за семестар за студентите во државна квота ИЛИ според бројот на запишани кредити /1 кредит = 205 ден или ► Потврда за уплатена партиципација од 12.400 ден. за семестар за студентите запишани со кофинасирање ИЛИ според бројот на запишани кредити /1 кредит = 410 ден., линк до калкулатор на кредити
►Уплатени 750 ден. за ИКСА на УКИМ за 2019/2020 на жиро сметката на УКИМ, трансакциска сметка 100000000063095, сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18, приходна шифра 723012 програма 41.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ!!
►Студентите кои запишуваат предмет по трет пат, преминуваат од државна квота во квота со кофинансирање (партиципација од 12400 ден, односно цена на 1 кредит 410 ден.) ►Студентите кои изработуваат дипломска работа не запишуваат семестар, ако ја имаат одбрането заклучно со 30 септември 2019 година, но потребно е да донесат образец за заверка на летниот семестар 2018/19 година. ►Студентите кои нема да одбранат дипломска до овој датум, треба да го запишат семестарот само со кредитите од дипломската и обрасци за запишување/заверување на семестар. ►Наставата почнува на 1.10.2019 година според распоредот на часови истакнат на web страната на гф. ►Студенти задолжително користете го Календарот на активности каде што ги имате сите информации во врска термините кои треба да ги почитувате!! линк до Календарот ►Правилник за прв и втор циклус на студии. Линк
|
|||
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР 2018/2019 И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ЗА II ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2019/2020
Покриеност на настава на ГФ за втор циклус 2019/2020.
ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО IKNOW СИСТЕМОТ Е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПРЕД ДА СЕ ЈАВИТЕ НА ШАЛТЕРИТЕ НА СТУДЕНТСКАТА СЛУЖБА ВО ПЕРИОД од 9 до 13.9.2019
За студентите на втор циклус на студии на Градежниот факултет во Скопје од сите студиски програми запишувањето на ЗИМСКИ семестар во учебната 2019/20 година на шалтерите на СТУДЕНТСКАТА СЛУЖБА ќе се врши во термините: – 24. Септември 2019 – од 11,оо до 13,оо часот – 25. Септември 2019 – од 11,оо до 13,оо часот
► Индекс со потписи од предметните професори (за неземен потпис, предметот се смета за незаверен, и студентот треба да го преслушува во следниот летен семестар); ► Интерен формулар за запишување на семестарот од кој се запишуваат предметите во индексот и во формуларот за запишување на семестар (се презема од www.gf.ukum.edu.mk или од копирницата на Факултетот); линк до интерните формулари ►Потврда за уплатена партиципација од 30.750 / 24.600 односно по предмет 6150 / 4950 ден. ►За повторно запишан/заменет предмет на II циклус, студентот плаќа износ во висина од 6150/4950 (според студиската програма) ►Студентите кои ги положиле сите испити имаат обврска до магистрирањето да го запишуваат секој семестар со административна уплата од 920 ден. ►Студентите кои ги положиле испитите според Наставната програма за втор циклус на студии пред да поднесат пријава за магистерска работа, од студентската служба задолжително подигнуваат извод за положени испити со уплата од 610 ден.
|
|||
►Наставата почнува на 1.10.2019 година според распоредот на часови истакнат на web страната на гф.
►Студенти задолжително користете го Календарот на активности каде што ги имате сите информации во врска термините кои треба да ги почитувате!! линк до Календарот