Соопштенија

Електронска комуникација

Согласно член 14 од Правилникот за начинот на реализација на дејностите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и единиците во неговиот состав согласно со мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на коронавирусот CoVid-19, Ве информираме за следното: Сите барања од страна на студентите и на другите граѓани, се поднесуваат електронски на следната e-mail aдреса: arhivagf@gf.ukim.edu.mk. На тој начин барањето ќе биде заверено и доставено до соодветната служба, а по завршување на процедурата и електронско потпишување, во скенирана форма, ќе биде вратена до барателот. Оригинал се издава доколку издадениот документ барателот треба да го приложи во друга институција, а институцијата го бара тоа.