Соопштенија

Градежниот факултет – Скопје го запира наставниот процес во текот на следните 14 дена

Согласно Известувањето бр. 03-415/1 од 10.03.2020 година, добиено од страна на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Ве известувам дека Градежниот факултет – Скопје го запира наставниот процес во текот на следните 14 дена – во периодот 11-24.03.2020 година.
Запирањето на наставниот процес се однесува на запирање на наставата:
– предавањата,
– вежбите, консултациите,
– практичната настава и сл.
Со подетални информации ќе бидете благовремено известени.