Соопштенија

Бесплатно членство и користење на библиотечните фондови и услуги

Драги студенти, почитувани професори

        Ве известуваме дека и оваа година Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, на студентите-бруцоши им овозможува бесплатно членство и користење на библиотечните фондови и услуги.

        За издавање на членските картички, заинтересираните студенти-бруцоши треба да се јават во просториите на Библиотеката со документ за идентификација, индекс и фотографија.

        Ве очекуваме!

НУБ „Св. Климент Охридски“